Search

Меѓународниот семинар на Цивил за борба против дезинформациите, со учесници од пет земји, започнува в понеделник

Цивил и Youth4Media (Y4M) се организатори на првата Меѓународна недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата која започнува в понеделник, на 5 декември. Главната активност на оваа нова меѓународна иницијатива чиј носител е македонската граѓанска организација Цивил е семинарот за борба против дезинформациите и пропагандата.

Во понеделник, 5 декември, во 9:30 часот, во хотел Сити Парк. започнува семинарот на  Цивил, „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“, во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија подготви навистина богата и динамична програма на семинарот, што е дел од првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата. Семинарот се состои од теоретски дел (понеделник, 5 декември) и практична работа (вторник-четврток, 6-8 декември).

Учесниците од Северна Македонија, Германија, Украина, Ерменија и Косово ќе продуцираат видео прилози и текстови на тема дезинформации и пропаганда, кои потоа ќе бидат објавени во медиумите од редакциите кои испраќаат учесници на семинарот.

Дел од медиумските продукти ќе бидат презентирани в петок, 9 декември, на настан што Цивил и партнерските организации го организираат по повод Меѓународниот ден на човековите права, под мотото „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!“.

За учесничките и учесниците на семинарот се отвораат можности и за понатамошна соработка со Цивил и со партнерските организации од странство, како и можноста за учество во меѓународната размена и практична обука во Германија и други европски држави.

Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог и Лена Кроненбургер, уредничка на fortytwomagazine од Германија Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, Мкртич Тонојан, мултимедијален уметник од Ерменија, д-р Сашо Орданоски и Џабир Дерала од Северна Македонија, се дел од програмата на самиот почеток од еднонеделниот семинар.

Треба да знаете
Последни објави