Search

Меѓународна научна конференција на УЈИЕ во Тетово

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денеска и утре е домаќин на меѓународната научна конференција насловена „Повеќејазичноста како предизвик на лингвистичката, литературната и културната комуникација”.

Организатор научната конференција е Факултетот за јазици, култури и комуникации и Јазичниот Центар.

– Целта е да се разгледаат и постават решенијата кои што науката ги нуди за повеќејазичната комуникација. На пример како се предава странски јазик во една повеќејазична средина, како се предава немајчин јазик во една средина, кои се европските искуствата во поглед на јазиците итн., изјави проеректорот Владимир Радевски.

Организаторите велат дека мултилингвализмот на Универзитетот се користи во практична примена речиси две децении и може да биде добра основа за целото општество.

– Ние сме фокусирани на научните аспекти на практичната работа со студентите и 19 години сме тројазична институција и веруваме дека можеме да дадеме добар придонес кон имплементација на се она што е законска регулатива во оваа област, рече ректорот Радевски.

Треба да знаете
Последни објави