Search

Меѓународна научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави”

Меѓународна научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави” по десетти пат по ред ќе се одржи денеска и утре во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје.

На конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе присуствуваат професори од над 15-тина земји меѓу кои од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Индија, Мароко, Турција, Русија, Словачка, Чешка, Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Хрватска, Словенија и други.

Теми на конференцијата ќе бидат геополитичкиот судир на концепти и идеологии во регионот, радикализмот и Балканот, руското влијание на Балканот- фактор на дестабилизација или економски развој, влијанието на турската надворешна и безбедносна политика и Балканот, процесот еден појас-еден пат, Кина помеѓу економски промотор и демократски уназадувач, улогата на САД на Балканот, германските интереси во регионот, регионот како транспортен коридор за бегалци, безбедносните стратегии и црвените линии на Балканот и улогата на недржавните актери во безбедноста на Југоисточна Европа.

Мисијата на конференцијата, како што најавуваат организаторите, е да се поттикнат академската заедница и практичарите од областа на безбедноста да разменуваат сознанија базирани на  користење на научни методи за истражувања од областа, но и да се исползуваат искуства од практиката за да може на истите да им се даде научно-истражувачка димензија.

Конференцијата е поддржана од Фондацијата „Ханс Зајдел” од СР Германија и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.

Треба да знаете
Последни објави