Search

Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ во Битола

Петнаесеттата Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ оваа година се одржува од 15 до 25 јуни во Битола, во просториите на хотел „Де Ниро“. Во текот на овие 15 години на колонијата учествувале над 180 уметници кои направиле околу 450 дела.

Оваа година на колонијата ќе учествуваат уметници од Бразил, Италија, Индија, Шпанија, Германија, Србија, Бугарија, Украина, Турција, Велс и Северна Македонија.

Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ во изминатиот период има организирано над 40 изложби во Македонија и надвор од државата.

Оваа година се одбележуваат и 10 години од збратимувањето со ликовната колонија Буљарица арт од Црна Гора.

На 24 јуни, во 19 часот, во склоп на Колонијата ќе се одржи изложба со дела од минатогодишните учесници.

Од наредната година Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ се сели во подпелистерието… Станува еколошки ориентирано здружение кое ќе промовира зголемување на свеста кај населението за чиста и здрава животна средина и почитување на мотото: „Користи повторно, Намали, Рециклирај“.

Треба да знаете
Последни објави