Search

Меѓународен шаховски турнир во чест на Блаже Конески

По повод 100 годишнината од раѓањето на првиот претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија, академик, поет, писател и кодификатор на македонскиот современ литературен јазик Блаже Конески од денеска до среда во скопскиот хотел „Континентал” се одржуваат шаховски турнири во негова чест.

На Б турнирот учествуваат 67 играчи со рејтинг до 1.800 поени, додека на А турнирот до 2.200 рејтинг поени настапуваат 41 играчи.

Најголемиот број пријавени учесници се од Македонија, но има и гости од Србија, Бугарија и Косово, соопшти Шаховската федерација.

Треба да знаете
Последни објави