Search

Меѓународен комитет за спасување со повик до властите во Либија да ослободат повеќе од 200 деца мигранти

Хуманитарната организација „Меѓународен комитет за спасување” (IRC) ги повика властите во Либија да ослободат повеќе од 200 деца мигранти кои беа пресретнати во Средоземното Mоре на пат кон Европа оваа година и се вратија во центри во Либија.

Повеќето од децата се Африканци, на возраст меѓу 12 и 15 години, а меѓу нив има и новороденчиња.

Како што нагласуваат, повеќе од 50 деца имаат некаков вид инвалидитет или се сметаат за загрозени затоа што нивните старатели се болни.

Организацијата наведува дека животите на децата, од кои повеќето се државјани на Сомалија, Еритреја и Судан, се загрозени, не само поради пандемијата на коронавирусот, туку и заради насилство и злоупотреба.

Треба да знаете
Последни објави