Search

Меѓународен кадетски кошаркарски турнир во Делчево

Кошаркарскиот клуб „Клубски патриот” е домаќин на дводневниот Меѓународниот кадетски турнир во женска кошарка што се одржува во Делчево. На турнирот покрај домашната екипа учествуваат екипите на ЖКК ,,Пирин” од Благоевград и Арена ТИМ од Штип.

Како што информираше организаторот Љупчо Петровски, турнирот се организира со цел проверка на формата пред почетокот на првенството.

– На турнирот кој започна вчера, веќе се одиграа два натпревари во кадетска конкуренција. Екипата на ЖКК ,,Пирин” се сретна со тимот на Арена ТИМ од Штип, натпревар кој го добија Штипјанки, додека на двомечот помеѓу екипата на ,,Клубски Патриот” и КК ,,Пирин” како подобра се покажа нашата екипа. Турнирот е дел од подготовките на екипите за почетокот на првенствата, а целта е покрај заедничката дружба помеѓу младите кошаркарки, стекнување на поголемо кошаркарско искуство, изјави Петровски.
Во рамки на денешниот втор дел од турнирот ќе се одиграат уште неколку натпревари, а на крајот учесниците ќе добијат благодарници од организаторот.
КК ,,Клубски Патриот” во женска конкуренција и оваа година ќе се натпреварува во Првата женска кошаркарска лига на Македонија, а свои екипи ќе имаат и во младинските кадетски конкуренции.

Треба да знаете
Последни објави