Search

Меѓународен добротворен базар 2019 во ГТЦ

Во ГТЦ денеска се одржа традиционалниот „Меѓународен добротворен базар 2019“ на кој на повеќе од 20 штандови се промовираа и продаваа производи и сувенири од земјите на дипломатските претставништва во Република Северна Македонија и други меѓународни организации.

 – Овој настан не обединува во одбележувањето на Меѓународниот ден за заштита на правата на децата – 1 јуни, ден на кој што е посветен и овој меѓународен добротворен базар. Ве поканувам да ни се придружите во овие активности, да се соберат колку што е можно повеќе средства кои годинава ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца со церебрална парализа. Ова е прилика каде што секој од нас има можност да биде хуман и лично да придонесе во собирањето на средствата кои на овие дечиња им се повеќе од потребни – рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на добротворниот базар.

На годинешниот базар производи од нивните држави продаваа претставници на 27 амбасади и меѓународни организации во земјава.

„Меѓународниот добротворен базар“ се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на децата, а е во организација на Здружението „Macedonia Welcome Centre – DMWC“ во соработка со амбасадите и меѓународните организации и со поддршка од Град Скопје. Почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2019 година е Неговата Екселенција Г-дин Мирослав Томан, чешкиот амбасадор во Република Северна Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави