Search

Меѓузоната на граничните премини Богородица и Евзони полна со возила

Продолжениот празничен викенд утрово ја обнови сообраќајната гужва на македонско-грчката граница како од деновите на шпицот од туристичката сезона.

Од дежурната гранична служба за МИА рекоа дека за излез од земјава се чека од 15 до 20 минути поради обавување на задолжителната проверка на документите, но и тоа дека чекањето го диктира грчката страна поради која во моментот е бавна во обавувае на формалностите поради што двете граници се споени со возила.

Нашите гранични службеници не можат да проценат колку време е потребно да се мине грчката граница, но затоа потврдија дека на наша страна во моментот функционираат пет сообраќајни ленти за автомобили и една за автобуси и камиони.

Треба да знаете
Последни објави