Search

Мечот Израел – Полска ќе се игра како што беше планирано, во Ерусалим

Полската фудбалска репрезентација нема проблем со гостување кај Израел во квалификаиците за Европското првенство 2020, во меч од групата во која се наоѓа и репрезентацијата на Северна Македонија.

Проблемите во Појасот Газа се минато, и од полската федерација велат дека добиле уверување од Израелците дека им се гарантира безбедноста на нивните фудбалери и навивачи. Со одлуката натпреварот да се игра како што беше планирано, се согласија и од УЕФА.

Средбата Израел – Полска треба да се игра на 16 ноември во Ерусалим, а тоа е истиот ден кога македонската репрезентација ќе гостува кај Австрија.

Треба да знаете
Последни објави