Search

Мечка уби жена во Канада

Американска црна мечка уби една жена од Минесота, САД, на островот Ред Пајн, кој е во канадските води. Полицијата во Онтарио наведува дека вакви напади се исклучително ретки.

Кетрин Свет-Милер (62) била на гости кај своите родители на островот кога се случил нападот. Таа излегла во неделата навечер кога го чула лаежот на нејзните две кучиња, но не се вратила, пренесува „Стар трибјун”.

Во изјава на надлежните органи се вели дека тамошните жители најчесто реагираат на нередот што мечките го прават околу ѓубрето, но досега напади врз луѓе не се пријавени.

Треба да знаете
Последни објави