Search

Мечка убила работник во зоолошка градина пред очите на посетителите

Мечка уби работник во зоолошка градина во Шангај пред посетители кои го гледале нападот од автобус, пренесува Би-би-си.

Несреќата се случила во саботата во дел од зоолошката наречен „област со диви ѕверови“. Видео од инцидентот, на кое се гледа како група посетители викаат додека го гледаат нападот, се прошири на кинеската социјална мрежа „Веибо“.

Зоолошката градина во Шангај на својата веб-страница соопшти дека „им е исклучително жал што се случила ваква трагедија“, додавајќи дека „им се извинуваат на посетителите за предизвиканата непријатност“.

Зоолошката градина објави дека ќе ги засили безбедносните мерки во „областа со диви ѕверови“.

Тоа е област во зоолошката градина каде што животните шетаат слободно наоколу, а посетителите можат да влезат само со автобус.

Инцидентот предизвика бура од коментари на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека мечката се однесувала како што се однесуваат дивите животни и дека единственото решение е затворање на зоолошките градини.

Треба да знаете
Последни објави