Search

Мет Дејмон сака да го направи „Оушнс 14“

Мет Дејмон го глумеше Линус Колдвел во трилогијата на Стивен Содерберг за големиот грабеж и откри дека е подготвен да ја репризира улогата доколку франшизата заживее.

Говорејќи во емисија на SiriusXM, Мет рече: „Тоа беше мојата постојана позиција откако го завршивме Ocean’s 13 . Од денот кога го завршивме подготвен сум да работам на Ocean’s 14.“

50-годишниот оскаровец нагласи дека филмот ќе треба да им укаже почит на двајцата актери од тимот Берни Мек и Карл Рајнер кои починаа откако беше објавен „Оушнс Тринаесет“ во 2007 година.

„Сме дискутирале како ќе изгледа, знаете, загубивме двајца членови на нашата банда, Берни (Мек) и Карл (Рајнер) и како би изгледал тој потег,“ додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави