Search

Мет Дејмон во средновековен еп на Ридли Скот

Претстојниот еп сместен во средновековието во Франција, a режиран од Ридли Скот раскажува за еден легендарен дуел, во кој се бореле Жан де Каруж (Мет Дејмон) и Жак ле Грис (Адам Драјвер).

Се работи за „Последниот дуел” (The Last Duel)… Кога Ле Грис ја напаѓа сопругата на Каруж, Маргарит (Џоди Комер), таа јавно го обвинува и започнува борба до смрт меѓу двајцата соперници. Сценариото е напишано од Никол Холофсенер, Дејмон и Бен Афлек, којшто исто така глуми во филмот.

„Последниот дуел” ветува интензивна приказна за моќта, витештвото и храброста на Маргарит да се залага за вистината и правдата. Филмот веќе важи за еден од најочекуваните за годинава, а во кината треба да се појави на 15 октомври.

Треба да знаете
Последни објави