Search

Метеор со зелен отсјај над Хрватска

Интересен астрономски настан се случи вчеравечер на небото над Хрватска, каде според Танјуг, паднал метеор којшто можел да се забележи од речиси сите делови на оваа земја. Бројни набљудувачи објавија дека станувало збор за доста светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.

Хрватскиот астрономски сојуз објави видео од падот на метеорот и порака околу тоа.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност, бидејќи предвидената максимална активност на метеорскиот дожд Орионид е предвидена за раните утрински часови на 21 октомври”, соопшти Сојузот.

Според порталот „Далмација”, метеорот имал зеленкаст сјај, а забележани биле три посилни блесоци.

Треба да знаете
Последни објави