Search

Мета: Со нетрпение го очекувам заокружувањето на изборните реформи до 31 мај

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека ќе го потпише указот за новиот изборниот законик и оти со нетрпение го очекува негово заокружување до 31 мај од страна на политичкиот совет, составен од претставници на власта и опозицијата.

-Што се однесува до Изборниот законик, задоволен сум, ги следам случувањата. Има напредок и со нетрпение чекам страните да го одржат дадениот збор и со консензус да ги усвојат промените што ги бара ЕУ на прво место, но и другите партнери. Веднаш ќе ги потпишам овие измени за да можеме да им дадеме добри вести од Албанија и Тирана на граѓаните и партнерите, рече Мета.

Што се однесува за датумот на изборите тој вели дека нема да прави консултации за тоа.

-Мора да се оди со духот на консензус. Ќе му се обратам на демократскиот свет за да ги набљудуваат следните избори,- посочуваМета.

Вчера европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји им порача на албанските политички партии да ја заокружат изборната реформа, зашто на патот на Албанија кон ЕУ од суштинско значење е да ги заврши реформите без дополнително одложување.

И шефот на мисијата на ОБСЕ во Албанија, Бернд Борхард, тој ги повика сите партии во Политичкиот совет за изборни реформи да продолжат на патот на изнаоѓање конструктивни компромиси и да ги финализираат изборните реформи, за доброто на Албанија и нејзините аспирации за интеграција.

Треба да знаете
Последни објави