Search

Мета: Со договор Рама и Баша ќе ја вратат европската надеж во Албанија

 

Претседателот на Алабнија Илир Мета им порча на премиерот Еди Рама и на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша да се откажат од борбата за власта. Двајцата ги советува да размислуваат за изборите на 13 октомври, бидејќи како што вели сѐ уште има време да се врати европската надеж кај албанските граѓани.

„Не само што беше потрошена една година, туку нештата се влошија поради борбата за власт. Но сѐ уште имаме можност да ги искористиме овие денови, да одржиме избори на 13 октомври. Тоа е обврска и не само законска, туку е неопходно за да не се случи да не добиеме датум за преговорите со ЕУ“, напиша Мета на Фејсбук.

Тој му предложи на Рама доколку не сака претседателот да има улога на медијатор, меѓународни претставници да посредуваат во политичкиот дијалог. Албанија е во повеќемесечна политичка криза откако опозицијата го напушти парламентот и ги бојкотираше локалните избори на 30 јуни.

На тие избори учествуваше само владејачката коалиција на Еди Рама и неколку малцински партии во земјата.

Треба да знаете
Последни објави