Search

Мета: Сега е моментот за одбрана на демократијата

На меѓународниот ден на демократијата, шефот на албанската држава Илир Мета потсети на цитат на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, кој ја дефинирал со зборовите: „Владеење на народот, од народот, за народот”.

Мета преку објава на Фејсбук прашува каков режим е воспоставен во Албанија 30 години по падот на комунизмот, и дали оваа демократија е влада на народот, која произлегува од народот?

Одговорот боли, наведува тој и посочува дека Албанија е последна во регионот во однос на интеграцијата во ЕУ, а 500.000 албански граѓани ја напуштиле земјата во последните години.

-Сегашниот режим е отфрлен од граѓаните како последна цел на демократијата, со масовно напуштање на татковината. Решението повеќе не треба да биде напуштање, туку е време за будење, единство, реакција, соочување и промена. Моментот за одбрана на демократијата е сега, им порачува Мета на албанските граѓани на објавата на Фесбук.

Треба да знаете
Последни објави