Search

Мета: Посакувам преговорите за членство на Албанија во ЕУ да почнат заедно со Македонија

Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ” изјави дека посакува почетокот на преговорите за членство во Европската унија на Албанија да биде заедно со Македонија.

– Во текот на оваа година многу посакувам да почнат преговорите за членство во Европската унија. Тоа би било позитивно постигнување за Албанија и тоа да можеме да го постигнеме заедно со нашиот сосед, Македонија, која постигна голем успех со решавањето на прашањето за името со Грција, со што сега е подготвена да стане членка на НАТО, изјави Мета.

Второ, посочува тој, многу би сакал да има успешна финализација на дијалогот меѓу Косово и Србија, бидејќи тоа ќе биде од клучно значење за зајакнување на мирот, стабилноста и соживотот во регионот, но исто така и да се гарантира европската перспектива на двете земји  и на Србија и на Косово, во исто време.

Во истото интервју Мета оценува дека „ промената на границите не е решеније за регионот”.

– Балканот може да напредува единствено преку соживот во хармонија и зошто не во една блиска иднина границите помеѓу државите да бидат минато со влегување во Европската унија. Тоа е филозофијата околу границите изградена од ЕУ, соработка, соживот за да се гарантира безбеден и здрав амбиент за сите, независно од националноста, верската или друга припадност. Верувам дека за Балканот ова било и е многу значајно, смета Мета.

Додава дека на Балканот секоја нација е мнозинство во една држава, но е малцинство во една или неколку други држави. И единственото решение е сите држави да ги почитуваат европските стандардите за правата на малцинствата.

Треба да знаете
Последни објави