Search

Мета попладнево со ново обраќање, Рама на разговори во Брисел

Албанскиот претседател Илир Мета попладнево во 16 часот ќе го има второто обраќање за само два дена,објавија од неговиот кабнет веднаш по информацијата дека барањето за импичмент на дневен ред на парламент ќе биде в четврток.

Во вчерашното прво обраќање Мета ги наведе причините за одложување на локалните избори врз основа на неговите уставни надлежност.

-Во тензичка политичка ситуација,без подготвеност од двете страни да се седне за надминување на недоразбрањата, одлуката што ја донесов за одложување на локалните избори е единствен начин да се избегне евентуална есклација на состојабата на земјата,која би можела да прерасне во граѓански конфлкт и начин да се најде решение за излез од кризата,рече меѓу другото шефот на државата.

Во меѓувреме тој на фејсбук објави дека примил група студенти од „албанските простори” и наведува дека им ветил дека Уставот „ќе го брани со смиреност, достоинствено и со душа”.

Попладнево во Брисел ќе престојува премерот Еди Рама,кој во 17:00 часот ќе сретне со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Потоа следува средба со претседателот на Советот на Европа,Доналд Туск како и со претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер.

Треба да знаете
Последни објави