Search

Мета побара од обединетата опозиција да даде придонес во подготовката на изборната реформа во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета денеска го нагласи значењето што треба да го даде обединетата опозиција со својот придонес во Политичкиот совет за подготовка на изборната реформа, и да покаже определба за враќање на легитимноста на сите институции преку слободни и фер избори.

Како што информираат од неговиот кабинет, ова Мета го нагласил на претпладневната средба со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат обединетата опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша.

Опозицијата го замрзна учеството во донесувањето на изборната реформа, која е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ, откако беше урнат објектот на Националниот тетар.

„Претседателот Мета, исто така, изрази длабока загриженост за последниот настан на нелегалното уривање на Националниот театар, оценувајќи го како провокација за демократијата, владеењето на правото, но и за обединетата опозиција и секако за европските вредности”, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Се додава дека претседателот Мета ги информирал и околу за неговите напори и предлогот за сеопфатна конкретна платформа за европска интеграција а и се заблагодарил на опзицијата за посветеноста и предлозите за надминување на тешката состојба со пандемијата со Ковид-19.

По средбата преку Твитер се огласи и лидерот на демократите, Љуљзим Баша.

„За време на средбата на опозициската коалиција со претседателот Мета, разговаравме за кризата и за излез од неа”, напиша Баша, додавајќи дека „Албанците ќе се спасат, кога обединети против злото-Рамавирус, ќе одат до гласачките кутии со сите гаранции за слободни и фер избори”

Треба да знаете
Последни објави