Search

Мета му честита на Џафери за донесувањето на Законот за употреба на јазиците

Албанскиот претседател Илир Мета денеска испрати честитка до претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по повод донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

– Ова е историски и значаен настан за Албанците, големо и важно достигнување кое придонесува за демократијата и гарантирањето на еднакви права за граѓаните на сите националности, кои живеат во Македонија, вели Мета.

Како што пренесува албанската државна агенција АТА, ова постигнување, според Мета, е исто така многу важен чекор во спроведувањето на Охридскиот договор.

– Албанците, отсекогаш биле ориентирани кон евроатлантските вредности, а со овој чекор покажаа восхитувачка зрелост и конструктивен став, додава Мета во честитката, вискоко оценувајќи ја и  улогата што лично ја имал и Џафери во ова насока.

Треба да знаете
Последни објави