Search

Мета: Иднината на Косово и Србија е во Европската унија

Албанскиот претседател Илир Мета, кој во континунитет го подржува дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави дека иднината на двете земји е во Еропската унија.

-Иднината на Косово и на Србија мора да биде во Европската унија. Ова е јасно искажана цел од двете земји, изјави Мета на денешната прес конфернција.

Во врска со прашањето за промена на територии, Мета рече дека оваа идеја не служи за зајакнување на темелите на Обединета Европа.

-Без сомнение, во Европската унија секоја идеја за промена на границите е идеја која не служи за зајакнување на темелите на обединета Европа и многу е важно да се работи на примена на стандардите на ЕУ во двете земји. Воопшто не може да има трајно, мирно или европско решение, имајќи ги предвид не само границите, туку и граѓаните. Решението не е ни помалку Срби на Косово, ниту помалку Албанци во Србија,рече Мета.

Посочи дека решението е сите граѓани, како во Косово, така и во Србија, да ги уживаат сите права, без оглед на етничката припадност и додаде дека „ова е единственото трајно, мирно решение”.

На деновиве одржана средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на неговиот престој во Тирана,

Мета рече дека Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји и во тие рамки „се добредојдени напорите на САД и ЕУ”. Нагласи дека е многу битно сите политички сили во Косово да се обединат за сеопфатна платформа во овој процес.

Треба да знаете
Последни објави