Search

Мета: Единствено решение за Балканот е соживотот и почитувањето на европските стандради за малцинствата

Албанскиот претседател Илир Мета, смета дека единственото решение за Балканот е соживотот и почитувањето на европските стандарди за малцинствата

На официјалната претседателска веб страница пишува дека Мета оценува дека независно од тоа што стотици илјади луѓе се убиени границите се уште не се поместени ни еден сантиметар.

-На Балканот, секоја нација некаде е во мнозинство а некаде во малцинство. Единствено решение е соживотот и почитувањето на европските стандарди за малцинствата. Знаеме многу добро што се случи на Балканот. Стотици илјади луѓе беа убиени а ни сантиметар од границата не беше променет,-стои во пораката.

Според него прашањата зошто да не се обединат Албанците,Србите или Хрватите е жив дијаболизам.

-Често слушаме зошто да не се обединат Албанците? Но, зошто да не може да се обединат и сите Срби? Да се обединат сите Хрвати, или сите Бошњаци? Овој, делириум, наводно патриотски,многу повеќе од фолкоризмот, е жив дијаболизам. Тоа е обид на авторитарните политичари,многу често на координиран начин, да го пренасочат вниманието од внатрешните прашања и да провоцираат теми за да ја потиснат свеста на јавноста и да ја избегнат сопстевната одговорност,стои на официјалната веб страница на албанскиот претседател Мета.

Се додава дека ова тој го кажал во своето обраќање на денешната конференција што ја организираше друштвото „Џорџ В. Маршал-Албанија”, на тема “Безбедносните предизвици на Балканот и улогата на надворешни актери во време на евро-атлантската транзиција”.

Треба да знаете
Последни објави