Search

Мета: Доколку не се смени филозофијата на владеење, промените во Владата немаат вредност

За мене од суштинско значење е да се смени филозофијата на владењето, доколку тоа не се постигне промените во составот на Владата немаат вредност, изјави денеска во Корча претседателот на Албанија, Илир Мета, коментирајќи ја реконстркцијата на Владата на премиерот Еди Рама.

– Не би сакал да навлегувам во коментари, уште повеќе што не сум целосно запознат со тие промени. Од суштинско значење за мене е да ја сменат филозофијата на владеење, која треба да биде филозофија на соработка. Соработка со опозицијата, со целните групи, за изработка на најдобри закони и нивно спроведување. Соработка со независни институции, бидејќи тоа ќе ни помогне побрзо да реагираме за да ги донесеме тие промени кои им требаат најмногу на луѓето, им требаат на поголем дел од Албанците да излезат од прагот на сиромаштијата во кој тие се денес, но многу повеќе да се прошири и консолидира средната класа во нашата земја и општество, што е неопходно за да се избегне социјална поделба која може да стане многу опасна за нашето општество, истакна Мета.

На прашањето кој е неговиот став дека двајца од новите министри се Косовци, Мета наведе дека нема такви информации, дека не е битно кој оди и кој доаѓа, туку  е значајно да „рефлектираме и вистински да ги подобриме односите со луѓето”.

Со реконструкцијата на владниот кабинет премиерот Рама смени еден вице премиер и осум министри. Двајца од министирите, за Европа и за надворешни работи, Гент Цакај и образование Беса Шахини се од Косово. И двајцата до сега беа на функцијата заменици министри во ресорните минстерства.

Треба да знаете
Последни објави