Search

Мета: Дијалогот Косово-Србија важен за европската иднина на двете земји

Успешноста на дијалогот Косово-Србија ќе придонесе за европската иднина на двете земји и за консолидација на соживотот и мирот во регионот, оцени денеска албанскиот претседател Илир Мета по средбата со лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој престојува во Тирана.

Ми беше посебно задоволство да остварам средба со лидерот на Самоопределување, Албин Курти. Јакнењето на соработката меѓу нашите две земји во заеднички интерес и зајакнување на европската перспектива, не само на Албанија и Косово, туку и на целиот наш регион, беше главна тема (на разговирите). Во таа насока, ја истакнав важноста на косовско-српскиот дијалог што е во служба на  европската иднина на двете земји и консолдацијата на соживотот и мирот во регионот, напиша Мета на Фејсбук.

Мета наведува и дека Самоопределување треба да одигрува важна улога во зајакнувањето на државата Косово и во постигнувањето целосен консензус за успешен и стабилен дијалог со Србија.

Треба да знаете
Последни објави