Search

Мета ги повика сите Албанци во Србија да излезат на изборите

– Албанскиот претседател, Илир Мета, ги повика сите Албанци кои живеат во Србија,да учествуваат на парламентарните избори на 26 април, со цел да имаат повеќе гласови за да ги исполнат своите легитимни барања и права.

„Претседателот Мета ги поттикнува сите политички сили во Прешевската Долина и сите Албанци кои што живееат во Србија, да земат учество на изборите, да ги обединат ставовите, со што би ја максимизирале својата улога и придонес во идните институции, како на централно ниво, така и на локално ниво, стои во соопштението до медиумите.

Додава дека внимателно ги следи случувањата во Прешевската Долина и на посебен начин политичките случувања поврзани со изборите во Србија и изразува

„Претседателот Мета изразува убедување дека масовното учество на Албанците на општите и локалните избори, соработката на сите политички субјекти за зголемување на застапеноста на Албанците, како и нивната тесна соработка со меѓународниот фактор ќе гарантираат зајакнување на гласот на Албанцитево Србија а со тоа исполнување на нивните легитимни побарувања и права во Србија,се наведува во соопштението.

Парламнетарните избори во Србија ќе се одржат на 26 април 2020 година.

Официјална Тирана минатиот месец ги убеди партиите на Албанците од Прешевската Долина(јужниот дел на Србија) да настапат со една кандидатска листа,за што токму во албанската метропола потпишаа договор.

Изборната коалиција се вика „Албанска демократска алтернатива – обединета долина” а учествуваат Партијата за демократска акција, Алтернатива за промени, Движењето за реформи во ДПА, Движењето за демократски напредок и Демократската партија.

-Денес албанските политички претставници на Прешевската Долина го дадоа највредниот и најзначаен пример за тоа колку партиските разлики можат да се артикулираат во рамките на еден национален став. Денешното обеднување им служи на граѓаните на Долината, но и на Албанците каде и да се,изјави по потпишувањето на договорот овластениот албански министер за Европа и надворешни работи,Гент Цакај.

Треба да знаете
Последни објави