Search

Мета: Албанија повторно би можела да стане европска Северна Кореја

Албанија ризикува повторно да стане „европска Северна Кореја“, изјави албанскиот претседател Илир Мета. Тој во интервју за „Еуроњуз“ ја обвини владата предводена од премиерот, Еди Рама, дека ја узурпира секоја независна институција и станала еднопартиски режим.

Албанскиот претседател тврди дека води битка за демократија и негира дека станува збор за лична борба за моќ со премиерот Рама.

„Како можам да се издигнам над партиската политика, кога имаме целосно заробување на државата од страна на владејачкото мнозинство во Албанија, кога тие контролираат сè“, рече Мета.

„Денес, за жал, живееме во еднопартиски режим, под закана да се вратиме 30 години назад кога бевме Северна Кореја во Европа“, рече Мета.

„Еуроњуз“ потсетува дека Мета повика на антивладини протести во Тирана на 2 март, додека Рама почна постапка за отповикување на претседателот во врска со обидот на Мета да ги откаже минатогодишните локални избори.

Треба да знаете
Последни објави