Search

„Металург“ со пораз во Прешов ја заврши ЛШ

Ракометарите на „Металург“ со пораз го завршија својот настап во Лигата на шампионите со пораз во Прешов од „Татран“ со 30:24. Првото полувреме заврши со резултат 15:13, откако домаќините  релативно лесно дојдоа до убедливи 5:1 на стартот.

„Металург“ одлично го отвори вториот дел од средбата и многу рано го израмни резултатот, 15:15. Следуваа минути кога двете екипи ги искористуваа своите напади, па резултатот беше израмнет и при 16:16 и 17:17. Но како и на многу други средби во тековната сезона, „Металург“ не го искористи својот добар период и во пресудните моменти дозволи серија на Татран од 3:0 за 20:17. Во последните 15 минути во играта на „Металург“ се почувствува замор што резултираше со седумминутен резултатски пост. Во обид да го спасат натпреварот нашите ракометари упатија повеќе избрзани шутеви, направија неколку технички грешки, па разликата се зголемуваше до конечните 30:24, за деветти пораз на „Металург“.

Татран Прешов: Гатине 5, Буторац 6, Чуприна, Цвитковиќ, Хрстка 8, Касал, Криж, Крок 3, Лапајне 3, Рабек 1, Рецикар, Сарпатаки, Страновски, Чарапкин 2, Урбан 1 и Вучко 1.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 4 минути.

Металург: Томовски, Даниловски, Арсеновски 3, Димитриоски, Лазаревски 1, Маџовски, Миличевиќ, Пучник 7, Рибеиро 3, Серафимов 4, Шилегов 2, Шпенде 4, Стојановиќ, Танкоски и Токиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави