Search

Металург сензационален победник во Купот на Македонија

Ракометарите на Металург приредија големо изненадување во националниот куп, откако вечерва во дуелот за трофејот го победија големиот фаворит Вардар по подобро изведување пенали.

Вардар почна фуриозно со 5:0, но Металург продолжи да се бори, дојде и до минус еден 12:11, но при крајот на полувремето Вардарци повторно се одлепија и на одморот се заминаа со водство од 16:12.

Ракометарите на Металург почнаа со голема желба во вториот дел и ја искористија опуштеноста на Вардарци, па направија серија од 7:2  и прво водство, а за кратко време дојде и до предност од три разлика 22:19. До крајот на мечот Вардар успеа само да го изедначи резултатот 29:29, па се пријде кон удари од седум метри по кои „металурзите” победија со 33:32.

Шпенде со девет гола беше најефикасен кај Металург, Токиќ постигна осум. Во составот на Вардар Чупиќ постигна седум гола.

Ова е прв „испуштен” трофеј на „црвено-црните” по петгодишна доминација во домашните натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави