Search

Металург поразен од Тулуз на стартот од групната фаза во Лига Европа

Македонскиот ракометен клуб Металург доживеа пораз во првиот натпревар од групната фаза во Лига Европа. Тимот од Автокоманда вечерва беше поразен од француски Тулуз на гости со 33-29 (18-15).

Ракометарите на Зоран Кастратовиќ во голем дел од мечот беа достоен противникот, но грешките во одбраната не дозволија да очекуваат нешто повеќе. Во неколку наврати од Металург протестираа и за одлуките кои ги носеа романските судии.

Поповиќ беше најдобар кај „металурзите” со 9 гола, додека Рниќ се истакна со 7. Јакобсен со 9 погодоци беше најефикасен кај Тулуз, додека седум погодоци реализираше Бен Халим. Голманот Летен запиша 12 одбрани.

Металург во второто коло игра против Висла, а дуелот се игра на 27 октомври во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави