Search

„Металург“ поразен на гостувањето кај „Бешикташ“ со голот на Прибак

Ракометарите на „Металург“ загубија на гостувањето во Истанбул против „Бешикташ“ 23:22 во осмото коло од Лигата на шампиони. Ова беше седми пораз за македонскиот вицепрвак.

Во тврд и неизвесен натпревар скопските ракометари имаа можност за подобар резултат, но не ги искориситја шансите. За разлика од претходните натпревари, „Металург“ одигра добро во вториот дел откако резултатот на полувреме беше 12:12. Неизвесноста продолжи и во вториот дел, но победничкиот гол за „Бешикташ“ го постигна нашиот репрезентативец Немања Прибак. Гостинските ракометари имаа имаа две шанси да стигнат до израмнување, но не ги искористија.

Кај „Металург“ најефикасни беа Токиќ и Таанкоски со по пет погодоци, додека кај „Бешикташ“ најдобар беше Рамазан Доне со девет постигнати гола.

И двете екипи се без шанси за пласман на едно од првите две места во Ц-групата.

Треба да знаете
Последни објави