Search

Металург не ја прифати оставката на тренерот Кастартовиќ

Македонскиот машки ракометен суперлигаш Металург ќе ги продолжи настапите на домашната сцена и во рамките од ЕХФ Купот под водство на тренерот Зоран Кастратовиќ, откако раковдството на екипата од Автокоманда не ја прифати оставката на тренерот. Кастратовиќ најави заминување поради незадоволство од играта и залагањето на дел од ракометарите.

-Кастратовиќ ќе продолжи да работи со нашата екипа. Неговата оставка беше дадена во моменти на нервоза што се сосема разбирливи, но ние немаме сомнеж дека тој е најдобра опција за тренер на Металург. Продолжуваме со подготовки за важниот натпревар против Горење во рамките од ЕХФ-Купот“ – потврди раководството на Металург.

Следниот меч Металург го игра против Горење на домашен терен, на кој ќе брка негатива од пет голови кои треба да ги анулира доколку сака да се пласира во следната рунда во ЕХФ Купот. За тоа да го остварат е потребен посериозен пристап во играта на сите ракометари кои ќе добијат доверба од тренерот Кастартовиќ.

-Немаме намера повеќе да толерираме било каква недисциплина или доцнење, без разлика дали станува збор за репрезентативци или не. Клупската дисциплина ќе мора да се почитува, во спротивно ќе следат жестоки санкции, но и награди за оние кои ќе го даваат максимумот бранејќи ги боите на нашиот клуб – додава раководството на РК Металург.

Треба да знаете
Последни објави