Search

Место со 10.000 луѓе надвор од Кина, ставено во карантин

Место со 10.000 жители во близина на Ханој, прво во Виетнам, е ставено во карантин поради страв од ширење на коронавирусот, објави тамашното Министерство за здравство.

Карантинот во местото Сон Лои е одреден за период од дваесет дена, објаснуваат од Министерството, откако на тоа место, околу триесетина километри северозападно од Ханој, биле потврдени пет случаи на зараза.

Според првичните информации, една жена ги заразила членовите на своето семејство и соседите.

Во Виетнам досега е потврдено дека петнаесет лица имаат инфекција од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави