Search

Место лидерска, средба Мицкоски- Касами

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами и генералниот секретар Арјанит Хоџа.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.

Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани.

На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.

Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока кој ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт.

 

Треба да знаете
Последни објави