Search

Меси ќе ја крене шестата „златна топка“, Роналдо нема да дојде на свеченоста во Париз

Аргентинската фудбалска ѕвезда од редовите на шпанскиот првак Барселона, Лионел Меси ќе ја добие в понеделник „златна топка“, во конкуренција на Вирџил Ван Дијк (Ливерпул) и Кристијано Роналдо (Јувентус) за избор на најдобар фудбалер кој го прави „Франс Фудбал. Според каталонските медиуми Меси веќе е информиран дека е освојувач на престижната награда за најдобар фудбалер на светот за 2019 година. Доколку се обистинат најавите оваа престижна награда во колекцијата со трофеи на Меси ќе биде шеста.

Она што стана најава кој ќе ја добие престижната награда е недоаѓањето на свечената церемнија на Португалецот Кристијано Роналдо доколку не е победник ! Роналдо како и меси досега имаат освоено по пет „златни топки“. Шпанските медиуми објавуваат дека овојпат причината за недоаѓањето на Роналдо во Париз е најбизарно досега. Наводно Роналдо веќе од поодамна сфатил дека нема шанса да ја добие наградата, откако Ван Дијк беше изгран за фудбалер на годината според УЕФА на традиционалниот избор во Монте Карло за време на ждрепката за групите во ЛШ, а потоа Лионел Меси ја доби наградата „Бест“ на ФИФА на гала-церемонијата во Лондон.

Според шпанските информации Роналдо не бил толку навреден што неговиот најголем ривал Меси ќе победи, туку затоа што во оваа конкуренцијата тој ќе завршил  како третопласиран (?!). Лани на доделувањето на наградата, која ја освои Лука Модриќ не присуствуваа ниту Роналдо, ниту Меси.

Треба да знаете
Последни објави