Search

Меси тоне на листата со кадидати за годинашната награда „Златна топка“

Според англискиот престижен спортски сајт „Гол”, рекордерот според освоени признанија – „Златна топка“ која се доделува за најдобар фудбалер на годината, Аргентинецот Лионел Меси не е меѓу првите тројца кои ќе финиширата за годинашното признание. Освојувачот на шест „Златни топки“ и актуелен победник во овој традиционален избор кој има задсебе веќе 46-изданија, Меси на најновото ажурираше на листата со десетте најсериозни кандидати за освојување на годинашниот трофеј испадна од водечката тројка. Меси сега се наоѓа на четвртата позиција, зад напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, кого го сметаат за прв фаворит, потоа Кристијано Роналдо од Јувентус кој има освоено пет вакви трофеи, и со скокот од четвртто место на втората позициа го истисна својот најголем конкурент од главната тројка, каде сега како треторангиран падна играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин.

Капитенот на Барселона, Меси во претходното рангирање беше на третото место. Меси и Роналдо доминираа во последната дека и наизменично се менуваа кога стануваше збор за „Златната топка“.

Листата со 10. кандидати за  освојување на „Златната топка” според „Гол” изгледа вака:

1. Роберт Левандовски
2. (4) Кристијано Роналдо
3. (2) Кевин де Бруин
4. (3) Лионел Меси
5. (5) Томас Милер (Баерн)
6. (8) Карим Бензема (Реал Мадрид)
7. (6) Нејмар (ПСЖ)
8. (7) Ерлинг Холанд (Борусија)
9. (9) Килијан Мбапе (ПСЖ)
10. (10) Џејдон Санчо (Борусија).

Треба да знаете
Последни објави