Search

Меси се искачи на петтото место во историјата по број на голови во квалификациите за СП

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го водечкиот погодок ноќеска во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 против Уругвај (3:0). Ова е 27. гол за аргентинскиот капитен во квалификациите за Светското првенство.

Сега Меси е на 5. место во историјата, изедначувајќи се со Роберт Левандовски (Полска) и Казујоши Миура (Јапонија).

Рекордер е Карлос Руиз од Гватемала со 39 голови. Во топ 4 се и Али Даии (Иран, 35 гола), Кристијано Роналдо (Португалија, 33) и Карим Багери (Иран, 28)

Треба да знаете
Последни објави