Search

Меси: Сакав да играм со Нејмар во Барселона, но животот не донесе во ПСЖ

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, призна дека отсекогаш сакал да игра со Нејмар во ист тим.

Претходно двајцата заедно играа за Барселона.

– Би сакал да се забавувам со Нејмар во Барселона, но животот не собра во Париз. Среќни сме што играме заедно. Сакам да играм со него и да го гледам секој ден, ја цитира „TV TUDN” изјавата на Меси.

Аргентинецот ја напушти Барселона во летото 2021 година. Како дел од каталонскито тим, Меси одигра 520 натпревари, на кои постигна 474 голови и 216 асистенции.

Заедно со Барселона Меси освои 35 титули, а стана и седумкратен освојувач на Златната топка. Тој како слободен играч, се пресели во ПСЖ.

Во тековната сезона на 11 натпревари постигна шест гола и имаше осум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави