Search

Меси потврди дека сакал да ја напушти Барса

Суперeѕвездата на Барселона, Лионел Меси откри дека во 2017 година сакал да го напушти клубот. Пред три години, светскиот вицешампион имаше проблеми со шпанските даночни органи, што го натерало да размислува да ја напушти земјата.

– Во тоа време, со целата оваа мешаница со даночните власти, сакав да заминам, не за да ја напуштам Барса, туку да излезам од Шпанија. Чувствував дека ме третираат неправедно. Сепак, никогаш не добив официјална понуда затоа што сите тие знаат дека сакам да играм за Барселона, рече Ла Пулга во интервјуто за РАЦ1.

Денес тој веќе размислува да ја прекине кариерата на „Камп Ноу”.

– Особено заради начинот на кој се чувствувам во овој клуб и како се чувствува семејството во овој град, рече Меси.

Треба да знаете
Последни објави