Search

Меси постигна повеќе од 20 гола во текот на 11 сезони по ред во Примера

Капитенот и напаѓач на Барселона, Лионел Меси, е единствениот играч во историјата на Шпанското фудбалско првенство со постигнати повеќе од 20 гола 11 сезони по ред.

Оваа сезона, по само 22.кола Меси веќе постигна 21 гол за Барселона во Примера.

Претходните сезони Аргентинецот во дресот на каталонскиот клуб ги заврши со оваа ефикасност:
2018 – 34 голови
2017 – 37
2016 – 26
2015 – 43
2014 – 28
2013 – 46
2012 – 50
2011 – 31
2010 – 34
2009 – 23.

Само во првите четири сезони од пристигнувањето во Барса Меси немаше повеќе од 20 погодоци:
2008 – 10
2007 – 14
2006 – 6
2005 – 1.

Треба да знаете
Последни објави