Search

Меси обелодени што направил пред блесокот на Кутињо: Му ја дадов мојата среќна алка, веднаш проработе

Барселона во спектакуларен натпревар ја декласираше Севиља со 6:1 и успеа да ја надокнади негативата од 2:0, триумф со кој повеќе од заслужено обезбеди пласман во полуфиналето на Копа дел Реј, трофеј кој ќе се обиде да го освои и петта година по ред.

Каталонскиот гигант тргна фуриозно уште од почетокот и веќе до полувремето ја анулираше предноста на противникот, а после подолго време, важна улога на теренот имаше и Филипе Кутињо кој постигна два од шесте гола на домаќините. Бразилецот беше исклучително инспириран и Меси му дозволи да го изведе и пеналот со кој Барса поведе со 1:0, а интересно е тоа што Лео откри и една интересна приказна која се случила пред мечот.

– Му ја понудив на Фил алката која ја носев за среќа на Светското првенство. Тој постигна два гола и му помогна на тимот, па може да се каже дека алката веднаш проработе, – низ смеа откри Меси, за што потврда пристигна и од Кутињо.

– Меси побара од мене да ја носам црвената алка кој тој ја носеше на мундијалот. Му благодарам што ми допушти да го изведам пеналот. Тој е неверојатен и овој гест ја покажува неговата големина, – надополни Бразилецот.

Треба да знаете
Последни објави