Search

Меси не сака да го продолжи договорот со Барселона

Лео Меси, најдобриот фудбалер на Барса во историјата на клубот, ги прекинал преговорите за продолжување на договорот и имал намера уште ова лето да си замине.

Секако дека ова било шок за сите во Барселона,посебно за раководството, кое не крие дека, и покрај големите проблеми, има намера да го задржи Меси се до крајот на неговата кариера. Да потсетиме дека актуелниот договор на Лео со Барса истекува следното лето, но тој најавил дека сака сега да си оди разочаран по се она што се случува во клубот во последно време.

Оваа вест со внимание ја слушаат во Интер и Сити, клубови кои во изминатиот период беа најгласни дека сакаат да го видат Аргентинецот во своите редови.

Треба да знаете
Последни објави