Search

Меси, Кутињо и Тер Штеген нема да играат со Ференцварош

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, играчот за врска Филип Кутињо и голманот Марк-Андре тер Штеген нема да играат на натпреварот од групната фаза во 5. коло од фудбалската Лига на шампионите против Ференцварош.

Тројцата го пропуштија денешниот тренинг на каталонскиот клуб.

„Diario Sport” забележува дека главниот тренер на Каталонците, Роналд Куман им даде одмор на овие играчи.

Ференцварош ќе биде домаќин на Барселона утревечер (2 декември) со почеток во 21 часот во Будимпешта. 

Треба да знаете
Последни објави