Search

Меси е првиот играч кој постигнал гол во Примера 16 години по ред

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Лионел Меси го постигна единствениот гол на натпреварот против Гранада (1:0). Овој гол беше прв за Аргентинецот во Примера во 2020 година. Така, Меси стана првиот играч кој постигнал погодок во првенството на Шпанија 16 години по ред.

Во најдобрите 5 лиги во Европа има само тројца играчи чија серија трае подолго: напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигнува гол 18 години по ред, фудбалерот на Верона, Џампаоло Пацини и напаѓачот на Бордо, Џими Бријанд – кои 17 последователни години се запишаа во листата на стрелците.

Треба да знаете
Последни објави