Search

Меси го преслуша Лион, па даде интересен коментар за изданието на Роналдо против Атлетико

Лионел Меси забележа два гола и две асистенции во победата која ја оствари Барселона над Лион, па со ова блескаво издание експресно му одговори на Кристијано Роналдо кој само една вечер претходно го потопи Атлетико Мадрид во Торино.

Со двете последни неверојатни партии, двајцата уште еднаш докажаа дека и натаму се едно скалило погоре од сите останати фудбалери, а посебно интересно беше тоа што Меси по својата брилијантна партија против Французите немаше проблем да испрати пофалби за играта на Кристијано.

– Тоа што го направија Кристијано и Јувентус беше импресивно. Мислев дека Атлетико ќе биде многу поцврст. Роналдо имаше магична ноќ со три постигнати гола, – порача Меси кој потоа се осврна на Барселона.

– Имавме одредени потешкотии кога примивме гол за 2:1, сами си ги закомплициравме работите при еден прекин. Тие не направија ништо дотогаш, но за среќа брзо направивме 3:1 и бевме мирни на крајот. Што се однесува до ждрепката која следи, сите тимови се незгодни. На пример, Ајакс покажа дека е супер тим од млади играчи кои немаат страв од никого. Кој и да ни се падне, ќе биде тешко. Сега претстои најтешкото, – истакна Лео.

Треба да знаете
Последни објави