Search

Меси го критикуваше Реал дека дозволил Роналдо да си замине

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, го прокоментира заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Како што е познато, португалската ѕвезда минатото лето премина во Јувентус, по 9 години во Мадрид.

– Пред почетокот на сезоната го прокоментирав тоа и Реал беше лут, но тоа е вистина. Како може да пуштиш играч, кој дава по 50 гола на сезона? Како резултат на тоа со Реал се случи она што би се случило со секој тим, од кој Кристијано заминува, тврди аргентинскиот гениј, цитиран од АС.

Тој додаде дека освојувачот на пет „Златни топки” недостасува на Ла Лига.

– Најсилните играчи ја прават лигата поконкурентна. Беше одлично, кога тој играше тука, бидејќи со него секоја година се обидувавме да напредуваме, додаде ѕвездата на Каталонците.

Треба да знаете
Последни објави