Search

Меси го демантираше Пике: Нема да лажам, не сакав да го направам тоа

Лионел Меси постигна сензационален гол во победата која ја оствари Барселона на гостувањето кај ПСВ од 1:2, но исто така беше и асистент на вториот погодок кој беше дело на Жерард Пике.

Истиот пристигна при еден слободен удар на каталонскиот гигант кој изгледаше како да е добро извежбан на тренинзите, бидејќи Меси кој обично шутира од вакви ситуации, топката ја испрати во срцето на шеснаесетникот кадешто најдобро реагираше стоперот.

Пике по мечот истакна дека ова била извежбана акција од тренинзите и дека намерата ја спровеле на дело, нешто што сепак го демантираше искрениот Меси кој брзо го негираше својот соиграч од одбраната.

– Не можам да лажам. Мојот шут беше лош и тој се најде на вистинското место. Ќе лажам ако кажам дека тоа беше мојата намера, – истакна искрениот Меси по средбата во Ајндховен.

Треба да знаете
Последни објави