Search

Меси во финишот го реши Атлетико!

Бранителот на трофејот во шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Барселона, синоќа забележа победа над Атлетико Мадрид на гостински терен  со 1:0 на дерби дуелот од 15. коло. Стрелец на победничкиот гол за Каталонците беше Лионел Меси во 86.минута.

Со новите три бода, Барселона се изедначи на врвот на табелата со Реал Мадрид со по 31 бод.

Иако се очекуваше спектакл, фудбалерите на Атлетико Мадрид и Барселона не го оправдаа епитетот дерби на колото во Примера, барем не судејќи по постигнатите голови. Иако во Мадрид се играше атрактивен фудбал, постигнат беше само еден погодок и тоа во самиот финиш, откако Меси уште еднаш докажа дека потребна му е само мала празнина, за да ја погоди целта и да донесе голема победа за Барселона.

Треба да знаете
Последни објави