Search

Меси: Барселона е мојот дом и еден ден ќе се вратам на „Камп Ноу“

Откако во летниот преоден рок еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Аргентионецот  Лионел Меси по две децении ја напушти Барселона поради финансиската криза и се пресели во редовите на фрљнцусклиот ПСЖ се огласи откако во шпанскиот клуб почнаа да се враќаат на „Камп Ноу“ негови соиграчи од дведецениското носење на дресот на каталонскиот тим.  Во Барселона која има финасиска и резултатска криза се врати Чави Ернандез како тренер, а пристигна и искусниот Дани Алвес. Меси во интервју за „Марка“ зборуваше за Барселона и сегашната ситуација.

– Барсњелона е мојот дом и еден ден ќе се вратам. Доаѓањето на Чави е одлична вест. Барселона со него ќе напредува затоа што одлично го познава клубот и знае што треба да прави. Не се сомневам дека Барса ќе биде подобра со него и дека ќе се врати на победничките патеки, изјавил Меси.

-Ако можам да помогнам ќе бидам тука. Ме радува враќањето на Алвес, посебно во овој момент. Тој е играч со победнички менталитет и ќе биде од голема помош на младите играчите на теренот, но и надвор од него. Голем навивач сум на Барселона дури и кога не сум таму. Имам многу пријатели во клубот и сигурен сум дека Барселона ќе биде онаа старата. Не знам дали финансискиот аспект беше единствената причина, така ми беше кажано, дека не можам да потпишам, додава Меси.

ПСЖ е еден од фаворитите во ЛШ, а Меси сака повторно да го освои овој трофеј.

-ПСЖ е меѓу фаворитите, но мораме уште многу да работиме и да бидеме најдобри. Фаворити има многу, Ливерпул повторно е силен, тука се Баерн, Сити…Многу тимови сакаат да стигнат до овој трофеј, истакна Меси.

Треба да знаете
Последни објави